Ракометарките на Пелистер во 1/8 финалето од Челенџ купот

Женскиот состав на Пелистер и вториот натпревар славеше над Ла Сале од Малта и се пласираше во осминафиналето од Челенџ купот. Вечерва Битолчанки забележаа победа од 27:20, а во првиот дуел беше 30:24 за Пелистер.

Најефикасни во победничкиот тим со по шест гола беа Јанкуловска и Каранфиловска, а Божиновска пет пати се запиша во листата на стрелците. Во редовите на Ла Сале прв стрелец со 12 погодоци беше Кала.

Жрепката за осминафиналето во Челенџ купот ќе се одржи во вторник по што ракометарките на Пелистер ќе го дознаат противникот за влез меѓу осумте најдобри во ова натпреварување.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ