
Англија вториот учесник на Ф4 во Лигата на нации
По победа од 2:1 во дуелот против Хрватска репрезентацијата на Англија е вториот учесник на завршниот турнир во елитната група од Лигата на нации додека актуелниот светски вицешампион во следното издание ќе се натпреварува во понизок ранг. Хрватска поведе со голот на Крамариќ во 57-та минута, но во завршните 12 минути од мечот Линдгард и Кејн направија пресврт за големо славје на Вембли.
Англичаните им се приклучија на Португалците кои според освоените бодови се најдобро рангираниот тим во елитната група и ќе бидат домаќини на завршниот турнир.
Португалците во УЕФА веќе ги пријавија градовите Порто и Гимараеш како организатори на четирите дуели. Финалето во Лигата на нации ќе се игра во јуни следната година. На петти и шести на програмата се полуфиналните соочувања додека на деветти ќе се играат финалето и натпреварот за третата позиција.