
Хиршер ја продолжува доминацијата во слалом
Австриецот Марсел Хиршер триумфираше на првиот слалом од новата сезона во Светскиот скијачки куп.
Хиршер во двете возење имаше вкупно време од 1 минута 51 секунда и четири стотинки и за само девет стоти дела беше побрз од Норвежанецот Хенрик Кристијансен. Третото место му припадна на Андре Мирер од Шведска, кој зад победникот заоатана секунда и 41 стотинка.
Најдобрите скијачи во текот на неделава се селат на северно-американскиот континент, мажите ќе се натпреваруваат во канадскиот зимски центар Сент Луис додека дамите ќе настапат во Килингтон.