Без Пандев, но со Алиоски, Адеми и Елмас

Нашата фудбалска репрезентација денеска го одработи последниот тренинг пред утрешното соочување со Гибралтар во последниот настап во фазата по групи во Лигата на нации.

За жал на утрешниот меч нема да настапи капитенот Горан Пандев, кој поради жолти картони мора да паузира еден натпревар и дури следната година ќе има можност да го одигра јубилејниот стоти меч во дресот на националниот тим.

Сепак во составот се враќаат Езгјан Алиоски и Елиф Елмас кои ја издржаа казната од еден меч и се во комбинација за мечот со Гибралтар.

За разлика од дуелот со Лихтенштајн во петокот Ангеловски ќе може да смета на Аријан Адеми кој не настапи во Вадуц поради здравствени проблеми.

Натпреварот со Гибралтар се игра утре од 20 часот и 45 минути, а влезниците за овој дуел се продаваат по цена од 100 и 150 денари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ