
АТП ФИНАЛЕ 2018: ЗВЕРЕВ Е ПОСЛЕДНИОТ ПОЛУФИНАЛИСТ
Александар Зверев го победи Џон Изнер и се избори за последното место во полуфиналето на АТП завршниот Мастерс во Лондон.Во 3. коло од групата Густаво Куертен,21 годишниот германецот во два сета со 7-6 и 6-3 го порази Изнер кој по шести пат во последните седум сезони е број 1 американски тенисер.На пат кон мечот за титула во Лондон, најмладиот полуфиналист на завршниот Мастерс после аргентинецот Дел Потро,ќе игра со Роже Федерер.Во второто полуфинале ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон.