
Џејмс го мина Џемберлен – следен е Мајкл Џордан
Леброн Џејмс постигна 44 поени во победата на Лос Анџелес лејкерс од 126-117 против Портланд и стана петтиот најдобар поентер во историјата на НБА-лигата.
Тој го мина легендарниот кошаркар на Лејкерс, Вилт Џемберлен и дојде многу близу да го мине Мајкл Џордан. Џејмс сега има 31.425 поени во кариерата и му недостигаат уште 867 поени за да го мине својот идол Мајкл Џордан.
Со оглед на фактот дека просечно постигнува околу 27 поени по меч, сигурно дека сезонава ќе стигне и до четвртото место на вечната листа на поентери. Засега на првото место е Карим Абдул Џабар со 38.387 поени, втор е Карл Мелоун со 36.928 поени, а Коби Брајант е трет со 33.643 поени.