Радванска ја заврши кариерата

Полската тенисерка Агњешка Радванска реши да заврши професионалната кариера. Како причина за повлекувањето Радванска го потенцира фактот дека повеќе не е во можност да го задржи нивото на формата за постигнување на врвни резултати.

“За жал повеќе не сум во состојба да играм и тренирам на високо ниво. Во последно време моето тело не може да ги следи моите очекувања”, се вели во соопштението на Радванска.

Дваесет девет годишната тенисерка од Полска во најдобрите времиња беше втора на ВТА листата, а во текот на кариерата има освоено вкупно 20 титули.

На Гренд слем турнирите најголем успех и е финалето на Вимблдон во 2012 година, а има два настапи во полуфиналето на Австралија опен.

Во моментот на повлекувањето Радванска се наоѓа на 75-тата позиција на светската ранга листа.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ