
Милан го враќа Ибрахимовиќ во Европа?
И покрај изјавата на Златан Ибрахимовиќ дека нема намера во текот на паузата во САД да настапува како позајмен играч, медиумите во Италија најавуваат дека Милан во јануари ќе се обиде да го ангажира шведскиот репрезентативец.
Лос Анџелес Галакси не успеа да се пласира во разигрувањето за шампионската титула и Ибрахимовиќ ќе биде слободен да настапува за некој клуб во периодот од јануари до март следната година и токму од тие причини медиумите шпекулираат со можното враќање на Швеѓанецот на Стариот континент.
Како најсериозен кандидат за можно ангажирање на Ибрахимовиќ се споменува неговиот поранешен клуб Милан, а тоа се потврдува со одличните односи на спортскиот директор на тимот од Сан Сиро, Леонардо и менаџерот на Швеѓанецот, Мино Раиола.
Ибрахимовиќ со ЛА Галакси има договор до крајот на 2019 година според кој по сезона инкасира 1,33 милиони евра.