Барди: Со одговорна и дисциплинирана игра до победа

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за претпоследниот дуел од фазата по групи во Лигата на нации против Лихтенштејн. Селекторот Игор Ангеловски на располагање ги има сите фудбалери откако на националниот тим му се приклучи капитенот Горан Пандев. Нашите репрезентативци уште денеска ќе тренираат во швајцарското место Фусисберг, а веќе од утре се селат во Вадуц каде в петок ќе се соочат со селекцијата на Лихтенштајн.

“Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде најдоброто од себе за да ја оствариме целта и да победиме против Лихтенштајн. Мораме да бидеме трпеливи и концентрирани, а тогаш ќе дојдат до израз нашите квалитети. Во Скопје одигравме одлично, но тој резултат не смее да не залажува бидејќи Лихтенштајн сигурно ќе сака да го поправи впечатокот пред домашната публика. Свесни сме за важноста на натпреварот и треба е да одиграме тактички добро и организирано. Во добра позиција сме, но секако треба да бидеме внимателни, концентрирани и со дисциплина во играта за да ги искажеме нашите квалитети на теренот во Вадуц. Мотиви и желба не недостасуваат, напротив, пред оваа генерација е голема прилика да обезбеди место на Европско првенство. Сами решаваме за нашето место во групата и одиме да победиме”, изјави за веб страницата на Фудбалската федерација на Македонија, Енис Барди.

Мечот против Лихтенштајн се игра в петок и почнува во 20 часот и 45 минути, а три дена подоцна во последниот дуел од оваа фаза на Лигата на нации во Скопје ја пречекуваме селекцијата на Гибралтар.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ