
Андерсон го декласираше Нишикори
Јужноафриканецот, Кевин Андерсон го совлада Кеи Нишикори и по овој триумф успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на завршниот тениски турнир што се одржува во Лондон.
Андерсон за само 65 минути со 6:0 и 6:1 славеше во соочувањето со Јапонецот и експресно обезбеди настап меѓу четирите најдобри на турнирот.
Во вечерниот термин се игра вториот дуел од А групата во кој Роџер Федерер ќе се соочи со Доминик Тим.