
Ветераните на Скопје и Црвена Звезда го одбележаа 13. Ноември
По повод 13. Ноември, денот на ослободувањето на Скопје на помошното игралиште на Работнички денеска се одигра ревијален натпревар во кој се соочија ветераните од главниот град и Црвена Звезда од Белград.
Љубителите на фудбалот во градов имаа можност на дело да видат голем број легенди, а меѓу нив беа Дарко Панчев, Илија Најдоски, Тони Мицевски, Митко Стојковски, Владимир Петровиќ, Здравко Боровница, Јован Аќимовиќ, а правдата ја делеше поранешниот арбитер Гоце Попев.
Гостите од Белград забележаа победа од 1:0, а стрелец на Единствениот гол беше Стојановиќ.