
Златната клупа за Алегри
Шефот на стручниот штаб на Јувентус, Масимилијано Алегри по втор пат едно по друго, а вкупно четврти пат ја добива наградата Златна клупа што му се доделува на најдобриот тренер во Серија А.
Во гласањето учествуваат тренерите од првата лига во Италија, а зад Алегри по бројот на гласовите се наоѓаат Маурицио Сари и Симоне Инзаги.
“Благодарност за оваа награда, во која голем удел имаат фудбалерите и моите соработници од Јувентус. После шампионските титули во Серија А, наша следна дел е да го освоиме трофејот во Лигата на шампионите. Двапати стигнавме до финалето, се надевам дека третиот пат и ќе го подигнеме пехарот”, изјави Алегри на церемонијата на доделувањето на наградата.
За најдобар тренер во Серија Б е прогласен предводникот на Емполи, Аурелио Андреацоли.