
Стоилов: Заслужена победа на Барселона
“Барселона заслужено победи и ние им ја олеснивме задачата. Бевме во негатива од почетокот и постојано моравме да се враќаме. А кога ќе направите толку грешки, невозможно е да дојдете до позитивен резултат. Секогаш кога требаше да го направиме клучниот шут имавме проблеми. Беше тешко да се вратиме, а игравме против многу силен противник во тежок натпревар. В сабота во Барселона ќе мораме да одиграме далеку подобро”, изјави капитенот Стојанче Стоилов.
Тренерот на “црвено црните” исто така потенцираше дека неговата екипа направила премногу грешки и му ја олеснила задачата на противникот.
“Мораме да и честитаме на Барселона за победата. Одиграа одличен натпревар, а ние бевме под потребното ниво. Поразот е резултат на бројните технички грешки што ги направивме, како и многуте нереализирани удари и тоа од лесни позиции. Ова беше тежок натпревар. Моите ракометари се бореа во текот на сите 60 минути, но тоа не е доволно. За да се добие екипата каква што е Барселона грешките мора да бидат сведени на минимум. Благодарност до публиката која ни даде голема поддршка. Се надевам дека следниот викенд во Барселона ќе бидеме многу подобри”, рече тренерот Парондо.