
Продолжи триумфалната низа на Хамилтон
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше трката за Големата награда на Бразил и новиот светски првак стигна до 10-от триумф сезонава. Веднаш зад Британецот, низ целта мина Јос Ферстапен додека трет е Кими Раиконен.
Хамилтон титулата ја обезбеди по настапот во Мексико, но на една трка пред крајот ја зголеми бодовната предност во однос на Фетел. Возачот на Мерцедес сега има 383 бода, 81 повеќе од Фетел додека трет со 251 бод е Раиконен.
Во конкуренција на конструктори на чело е Мерцедес со 620 бода пред Ферари со 553. Последната трка ќе се вози за две недели во Абу Даби.