По мечот со Шпанија Ел Команданте ќе има нов помошник-тренер

 

Раул Гонзалез од утре ќе има нов помошник на Европското првенство во Хрватска откако доскорешниот помошник Роберто Гарсија Парондо  мора да им се врати на клупските обврски во женскиот тим на Вардар. Според информациите, Парондо мора да се врати во Скопје и да го подготвува тимот за дуелот со Мец од Лигата на шампионите. На негово место доаѓа Хота Гоналез, потврдија од репрезентацијата.

Парондо ќе биде до Раул на клупата и на вечерашниот меч против Шпанија, промената ќе се случи од следниот натпревар.

Хота Гонзалез е доскорешен тренер на Ла Риоха, тој ќе му биде помошник на Раул и во ПСЖ. Двајцата шпански стратези се долгогодишни пријатели и се очекува да функционираат одлично.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ