Алексис Санчез сака да си замине од Манчестер Јунајтед

По само една година мината на Олд Трафорд, чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез најверојатно во јануари ќе си замине од редовите на Манчестер Јунајтед.

Санчез во дресот на “Црвените ѓаволи” постигна само четири гола во 28 настапи, а неодамна менаџерот Жозе Мурињо по лошиот старт на сезоната реши да го стави Чилеанецот во втор план.

Менаџерот на Санчез, Фернандо Фелицевич веќе почнал да работи на следниот ангажман и според некои медиуми се споменува можноста тој да се пресели во редовите на Пари Сен Жермен.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ