Кари паузира поради повреда

Најдобриот кошаркар на Голден Стејт, Стеф Кари поради повреда на скочниот зглоб на левата нога ќе мора да паузира неколку дена и сигурно ќе го пропушти дуелот против Бруклин.

Кари се повреди за време на натпреварот со Милвоки и според првите процени на лекарскиот тим рехабилитацијата ќе трае неколку дена, но се уште е неизвесно колку натпревари ќе пропушти за својата екипа.

Првата ѕвезда на шампионот Голден Стејт сезонава има просек од 29,5 поени, шест асистенции и пет скока по натпревар.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ