
Шкендија поуспешна од Работнички, градското дерби за Шкупи
По победа од 2:1 во дуелот против Работнички, фудбалерите на Шкендија по 14-тото коло во домашното првенство имаат три бода предност во однос на најголемиот ривал Вардар, кој денеска е поразен со 1:0 во градското дерби од Шкупи.
Шкендија на арената Филип Втори поведе со голот на Изаир Емини во 20-тата минута, осум минути подоцна Оливер Пеев израмни на 1:1. Конечниот резултат го постави Гледи Мици со погодокот во 51-та минута од средбата.
Во градското дерби Шкупи славеше над Вардар со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Серџо Жуниор.
Најубедливата победа ја забележа Македонија Ѓорче Петров, која на гостувањето против Беласица триумфираше со 4:1, а најзаслужен трите бода беше Христијан Кировски кој три пати се запиша во листата на стрелците.
ФУДБАЛ – ПРВА ЛИГА
Резултати 14. коло
Ренова – Победа 2:1
Влатко Стојановски 45, Арѓент Гафури 85 – Ѓорѓи Танушев 33
Силекс – Академија Пандев 1:0
Бобан Георгиев 13
Работнички – Шкендија 1:2
Оливер Пеев 28 – Изаир Емини 20, Гледи Мици 51
Шкупи – Вардар 1:0
Серџо Жуниор 55
Беласица – Македонија ЃП 1:4
Александар Милушев 19 – Робсон Да Силва 13, Христијан Кировски 34, 70, 90
ТАБЕЛА
1. | Шкендија | 14 | 9 | 4 | 1 | 32:13 | 31 |
2. | Вардар | 14 | 8 | 4 | 2 | 18:9 | 28 |
3. | Академија Пандев | 14 | 7 | 1 | 6 | 16:12 | 22 |
4. | Ренова | 14 | 5 | 4 | 5 | 16:16 | 19 |
5. | Победа | 14 | 5 | 2 | 7 | 13:15 | 17 |
6. | Работнички | 14 | 5 | 2 | 7 | 18:24 | 17 |
7. | Македонија ЃП | 14 | 4 | 4 | 6 | 16:18 | 16 |
8. | Шкупи | 14 | 4 | 3 | 7 | 10:16 | 15 |
9. | Силекс | 14 | 3 | 5 | 6 | 10:16 | 14 |
10. | Беласица | 14 | 3 | 5 | 6 | 11:21 | 14 |