Uncategorized Демонстрации во САД со барање да продолжи истрагата за руското мешање во претседателските избори
Неколу стотици луѓе протестираа во Њујорк со повици да се заштити истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за потенцијално вмешаност на Русија во претседателската кампања на Доналд Трамп.
Пред да поминат ниц центарот на градот, демонстрантите на Тајмс сквер извикуваа „Подалеку рацете од Малер“, „Никој не е над законот“, носејќи транспаренти со кои бараа Трамп и Пенс да заминат.
Слични протести беа организирани и во други градови во САД. Организаторите истакнуваат дека назначувањето на Метју Витакер за главен обвинител, дури и привремено, „е смислен обид за опструкција на истрагата на специјалниот обвинител“.
Претседателот на САД Доналд Трамп завчера го разреши Џеф Сешнс од функцијата главен обвинител на САД.
На ваша молба, поднесувам оставка, се вели во текстот на изјавата на Сешнс испратена до Белата куќа.
Трамп на Твитер објави дека за в.д. министер за правда е назначен Метју Витејкер, досегашен шеф на Кабиентот на Сешнс.



