Продолжува победничката серија на Торонто и Оклахома

Водечкиот тим во НБА лигата, Торонто на гостувањето против Сакраменто славеше со 114:105 и се зацврсти на првата позиција во Источната конференција.

Кавај Леонард мечот го заврши со 25 поени и 11 скока, а Паскал Сиакам постигна 21 поен додека Кајл Лаури забележа 16 поени и осум асистенции. Во поразениот тим Вили Коли Стајн и Бади Хакд беа стрелци на по 24 поени.

По лошото отворање на сезоната и четирите последователни порази на стартот Оклахома влегува во триумфална серија. Во дербито на вечерта Оклахома го совлада Кливленд со 95:86 и ја забележа шестата победа во низа.

Во отсуство на првата ѕвезда во тимот Расел Вестбрук, Денис Шредер имаше учинок од 28 поени и седум освоени топки под обрачите, а Пол Џорџ додаде 18 поени и седум скока. На спротивната страна  најефикасен со 15 поени беше Колин Секстон.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ