
СЕХА ЛИГА: НОВ ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ,СТЕАУА ГИ ОСВОИ БОДОВИТЕ ВО СКОПЈЕ
Македонскиот вице првак загуби од Стеауа со 28-29 во меч од 8.коло на Сеха лигата.Металург не успеа да го продолжи победничкиот ритам после успешните настапи на последните две средби од регионалното натпреварување и во ЛШ.Во СЦ Борис Трајковски,вечерва Металург и гостите од Романија најавија дека ќе биде неизвесно до последната минута.Во игра гол за гол од стартот,првата предност од два разлика ја имаше Стеауа во 22 минута. Составот од Автокоманда успеа да го преземе водството во финишот на првото полувреме и со 15-13 замина на пауза.Слично се одвиваше и вториот дел.Ракометарите на Стеауа имаа подобра концентрација во завршницата и го одбранија водтвсото од 29-27 во 59 минута ,откако Металург се доближи на гол негатива но не успеа да го искористи финалниот напад за реми .Шпенде со 6 голови беше прв играч на Металург во нападот,по 4 постигнаа Шилегов и Танкоски.Даниловски запре 12 удари на романците.Кај Стеауа се истакна голманот Станеску со 19 одбрани,најефикасен беше Флореа со 6 погодоци.Во наредното коло од Сеха лигата,Металург на 27 ноември гостува кај Војводина а веќе утре во ЛШ го пречекува Спортинг.