Бизнисот и Владата се убедуваат за прогресивниот данок
Омекна ли Стопанската комора на Македонија околу прогресивниот данок? Откако вчера ја предупреди Владата да не брза со оваа реформа, денеска комората на итен состанок, го поканија и министерот Тевдовски. Иако тој вели дека дебаата на оваа тема досега имало доволно, допрва ќе ги пеглаат ставовите за даночната реформа. Првиот човек на комората Азески уверува дека таа како најмоќна и најголема бизнис заедница не е против зголемување на животниот стандард.
Не сум Ванѓа за да знам што ќе се случи, не сме протиов подобар животен стандард за сиромашните, но бараме тоа да е двонасочно и праведно. Затоа днес ќе расправаме. Од она што сега го знаеме од фирмите, околу 35% ќе бидат зголемени трошоците за плати а околу 50% другите трошоци, вели Бранко Азески.
Дојдовме овде по поддршка од стопанствениците, за децата утре да имаат повисок шивотен стандард – ова е фер и издржано решение, а прагот е доволно високо поставен, рече министерот Тевдовски. Никој да нема дилема, додаде тој, околу ефиокасноста во трошењето на собраните пари.
Приходите ќе се искороистат за обезбедување минимален дополнитѕелен приход за да се извлечат луѓето од сиромаштија, рече Тевдовски.
Од друга страна, пак, од Сојузот на стопански комори порачаа дека не отстапуваат од барањето до Владата даночната реформа да се одлоѓи за 5 години.
МГС Данела арсовска, претседателка на Сојуз на стопански комори
Премиерот Заев, пак, децидно застана во одбрана на реформата – вели Владата не отстапува од прогресивното оданочување, така се создава праведно општество и ќе се врати средната класа која е загубена во земјава. Тврди дека повеќе ќе бидат оданочени само 9000 граѓани, а парите ќе и се вратат на бизнис заедницата преку зголемена потрошувачка.
МГС Зоран Заев, премиер на Република Македонија 940 2
12.10 до 12.28
„Мојот приход не е толку голем, јас земам 87.000 денари, тоа е платата на премиерот. Зборуваме за приход над премиерската и над претседателската плата. Треба да имаме мотивирани медицински сестри, мотивирани специјалисти и лекари, треба да продолжиме да ги спроведуваме реформите. Верувам дека сите длабоко во душата знаеме дека ќе биде ова наше општество ќе биде поквалитетно ако бидеме солидарни, а солидарноста ја прават тие кои добваат повеќе, кои имаат бизниси“, рече премиерот.
Во качување на прагот од 1000 на 1500 евра клучно влијание имало бизнис крилото во Владата, на чело со вицепремиерот Анѓушев. Тој тврди дека со оваа мерка не му се задав удар на бизнисот, бидејќи сите други даноци остануваат непроменети.
МГС Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања 940 3 6.10 до 6.40
„Јас сум еден од тие кои ќе подлежат на тоа, мислам дека е правично оние кои имаме поголеми приходи да помогнеме да се изгради пофер општество. Што се однесува до прагот, не е мој, на никого не е, тоа е праг на владата, одлучено е тоа да биде тоа праведниот праг и јас се согласувам со тој праг. На тој начин се заштитува интересот на младата интелектуална класа која сакаме да остане во државата, сакаме да ја гради оваа држава. Тоа се млади специјалисти, инжинери, информатичари, тие се изземени, во оваа мерка влегуваат само 1 отсто од граѓаните кои имаат најголеми лични приходи. Во нив спаѓам и јас, треба да се солидаризираме“, рече Анѓушев.
Дали дополнителните 25 милиони евра што Владата планира да ги собере од прогресивниот данок се веќе испланирани во буџетот за идната година, министерот Тевдовски вели дека ќе мора да се чека овој предлог на Владата да се официјализира, па потоа да се калкулира со него.
Нина Нинеска-Фиданоска
https://youtu.be/_oIz-lQZDRQ