
Над 70% од Грците се против терминот „Македонија“ во решение за името
Седумдесети и седум проценти од Грците се против терминот „Македонија“ да биде содржан во решението за за спорот за името. Ова го покажа испитувањето на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата Метрон анализис. Грчките медиуми објавија дека анектата го опфатила и прашањето за референдумско изјаснување за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение, за што со „да“ одговориле 61 процент од грчките граѓани. Испитувањето покажало дека 50 проценти од грчките граѓани веруваат дека постои опсег за компромисно решение, додека 44 проценти мислат спротивно.
Анкетата излезе во јавност на еден ден пред одржувањето на најавените протестите во Солун против употребата на терминот „Македонија“ во решение за спорот, со паролата „Македонија е Грчка“.
Тензијата во грчката јавност околу употребата на терминот „Македонија“ изминатите денови ја подгреа и Грчката православна црква која се огласи со став таа е против употреба на терминот Македонија во решавањето на спорот. Сепак вчера по средбата која грчкиот патријарх Јеронимус ја имаше со премиерот на Алексис Ципрас, тој ја спушти топката изјавувајќи дека „има доверба во одговорните луѓе да се справата со националнотот прашање со чуство на одговорност“. Притоа грчкиот патријарх упатил порака дека во овој момент не се потребни протести и повици, туку национален консензус, помирување и единство.
Масло во огнот во јавноста во Грција околу употребата на името „Македонија“ беше и ставот на самиот преговарач Метју Нимиц, според кого сложеното име ќе го содржи терминот „Македонија“.
Тоа и создаде притисок на грчката влада која беше обвинета за предавство на националните интереси, по што речиси секојдневно се огласуваа грчки официјални претставници со смирувачки тонови дека ништо не е предадено и дека развојот на настаните ќе ги оправдаат нивните потези. Дури и Ципрас говорејќи вчера пред централниот комитет на својата партија рече дека грчките позиции се јасни и се позиции на одговорност.
„Решение значи взаемно прифатливо решение, сложено име за сите“, изјави Ципрас, велејќи дека постои „прозорец на можности“ за конечно решение на спорот.
Но и покрај умереноста во изјавите кои доаѓаат од официјална Атина изминатиот период околу спорот за името, токму изјава на Ципрас беше последната кој ја разгоре јавноста по ова прашање во двете земји. Денеска беше пренесна негова изјава за грчкиот вениск „Етнос“ дека „Македонската нација никогаш не постоела“, како најава за интервјуто кое ќе биде објавено утре. Грчките медиуми најавата за интервјуто го објавија со наслов: „Ципрас: Македонската нација никогаш не постоела“.
Сепак изјавата на Ципрас се покажа дека е извадена од контекст, откако весникот „Независен“ го објави прашањето и одговорот на Ципрас за „Етнос“. Ципрас запрашан за македонската нација одговара дека „никогаш не постоела македонска нација во античко време, како што не постоела ниту нација на Атињаните и Спартанците.“ Тој говорејќи за географската област Македонија од античко време наведува дека таа потоа била населена од различни народи и дека припаѓа на три различни држави.
„Во оваа смисла е сосема спротивно на историјата и апсурдно некои да побарат ексклузивност на Македонија и во смисла на етничка идентификација. Меѓутоа, не е апсурдно терминот Македонија да е вклучен во сложено име, со географска или временска одредница која ќе важи за сите“.
Притоа Ципрас го завршува одговорот со став дека треба да биде јасно дека никој не бара територии или историја на други народи.
Тамара Грнчароска