ЛШ: ПРВА ПОБЕДА НА МЕТАЛУРГ СЕЗОНАВА

Ракометарите на Металург и се радуваа на првата победа сезонава  откако во меч од 6.коло во групата Ц го совладаа Чеховски Медведи со 25-24.Македонскиот вице првак одигра извонредно прво полувреме со предност од 16-10 ,а залихата од 6 голови овозможи победнички финиш.Гостите од Русија го преполовија водтството  на  Металург во вториот дел  а во последната минута стигнаа и до -1. Одличен на голот кај домашниот состав во СЦ Борис Трајковски  беше  Никола Даниловски со 16 одбрани од кои 12 во првиот дел. Димитар Димитриоски беше прв стрелец со пет голови, по четири  постигнаа  Токиќ, Серафимов и Шпенде. Кај Чеховски Медведи најефикасен беше  Маслеников со седум погодоци.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ