
ХАЧАНОВ ГО ИЗНЕНАДИ ЃОКОВИЌ ЗА ТИТУЛА ВО ПАРИЗ
Карен Хачанов приреди едно од најголемите изнедувања во тениската сезона откако во два сета со 7-5 и 6-4 го порази во финалето на Мастерсот во Париз,Новак Ѓоковиќ,четирикратниот шампион на турнирот.
22 годишниот руски тенисер стигна до најголемиот резултат во кариерата после 1 час и 39 минути игра во салата Берси и ја прекина серијата од 22 победи на Ѓоковиќ, кој од понеделник се враќа на 1.место од АТП листата.