ДИСИНГЕР НА ПОЗИЦИЈА НА СУСПЕНДИРАНИОТ БОРОЗАН ЗА МЕЧОТ СО МЕШКОВ БРЕСТ

Ракометарите на Вардар  имаат можност за нови бодови во А групата од ЛШ.В сабота во Скопје гостува  Мешков Брест,екипа која пред неколку дена во меч од Сеха лигата го порази вториот  тим на Вардар.Македонскиот првак има биланс од 4 победи и еден пораз па со 8 бодови е на врвот од табелата во друштво на Барселона и Кјелце кои в недела го очекуваат меѓусебниот дуел.

Се враќаат натпреварите од Лигата на шампионите. Се обидуваме да го подготвиме тимот бидејќи е тешко поради тоа што играчите беа со репрезентацијата и немавме воопшто заеднички тренинзи. Ова е тежок и важен меч и ни треба победа. Мешков е добар тим, играат силна одбрана и агресивно. Нема да биде лесно, а ние се обидуваме да се подготвиме најдобро што можеме и да ги освоиме бодовите– изјави Роберто Парондо,тренер  на РК  Вардар.

Сме играле многу пати. Имаат нов тренер што покажува деке нешто е сменето. Покажаа дека имаат квалитет. Ние треба да покажеме дека сме фаворити. Имавм епроблеми во тимот, повредени па сега и некоја суспензија. Но, тоа е тоа, нема оправдување и мора да се оди на победа-изјави Стојанче  Стоилов , капитен на  РК Вардар

Суспендиран за мечот со Мешков е бекот Вуко Борозан.Неговото место се очекува да го пополни новото засилување,германскиот репрезентативец   Кристијан Дисингер, поранешен играч на Кил. Натпреварот во СЦ Јане Сандански почнува од 17.30.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ