
Познати полуфиналните двојки на завршниот мастерс во Сингапур
Слоун Стивенс и Кики Бертенс се последните учеснички во полуфиналето на завршниот мастерс тениски турнир во женска конкуренција што се игра во Сингапур.
Денеска се одиграа последните дуели од третото коло во црвената група. Американката Стивенс со 2-0, по сетови 6-3 и 6-3 ја совлада Анџелик Кербер и со максимални три победи го освои првото место во групата.
Друштво во полуфиналето ќе и прави и Кики Бертенс, која денеска победи, откако Наоми Осака го предаде мечот по првиот сет со 6-3 за Холанѓанката.
Полуфиналните дуели се играат веќе утре, а Бертенс се среќава со Елина Свитолина, додека Слоун Стивенс ќе ги одмери силите со Каролина Плискова.