Инфантино: Ла Лига не смее да се игра надвор од Шпанија

Ла Лига потпиша 15-годишен договор со американска компанија според кој, натпревари од шпанското фудбалско првенството ќе се играат на територијата на САД.

Првиот закажан натпревар требаше да биде Барселона против Џирона и да се одигра во Мајами во март идната година. Сепак, светската куќа на фудбалот ФИФА ќе забрани овој натпревар да се одигра.

„Јас сум строго против оваа идеја и нема да дозволам натпреварот Барселона – Џирона да се одигра во Мајами. Официјални натпревари од првенствата треба да се играат во сопствената држава“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Челниците на Ла Лига најавуваат дека ќе се жалат во Судот за спортска арбитража во Лозана, но тоа веројатно нема да им помогне со оглед на фактот дека ФИФА има целосно право да санкционира натпревари во било кое првенство во светот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ