
Со 80 гласа „ЗА“ донесена одлуката за отвoрање на уставните измени
По електронското гласање кое помина со двотретинско мнозинство, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ побара поединечно гласање.
Со поединечното гласање, со 80 гласа „За“ и 39 гласови „Против“, Собранието го потврди претходното електронско гласање, за отварање на уставните измени.
Гласаа сите пратеници од парламентарното мнозинство, како и пратениците од опозицијата Елизабета Канчевска Милевска, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Аранудов, Нола Исмајловска Старова и Зекир Рамчиловиќ.