Металург: Да фрлиме се` на една карта против Татран

Поразите на Металург се редат еден по друг сезонава, а по вчерашниот негативен резултат против Железничар во рамки на СЕХА-лигата, веќе во сабота нашиот вицепрвак игра нов натпревари и тоа против Татран Прешов повторно во Скопје во арената „Борис Трајковски“. Словачкиот тим е добро познат противник, бидејќи сезонава веќе гостуваше во Скопје, но во рамки на Лигата на шампионите и славеше со 29-24. Тренерот Данило Брестовац се надева на многу подобра игра на овој дуел и дека Металург конечно ќе го скрши проклетството за да се израдува на првиот сезонски триумф.

„Последен натпревар од овој прв циклус пред паузата. Ја очекуваме бидејќи сме влезени во лош ритам. Овие средби паралелно во ЛШ и СЕХА како да земат замав и изгледаме уморно и исцрпено на левата страна, каде што се Халил и Марио кои можат да држат висок ритам. Се надевам дека ќе го имаме и Шпенде кој ќе ни помогне. Имаме малку тренинзи, односно две сеанси на видео. Се надевам дека ќе покажеме дека сме на прав пат. Татран е поквалитетен состав и подобар во однос на Железничар. Покажавме голем квалитет и се надевам дека на следниот натпревар ќе бидеме многу подобри“, рече тренерот Данило Брестовац.

„Татран ни е добро познат противник. Имаме време да се подготвиме и да ги анализираме. Можеби сме заморени, но треба да ставиме сè на една карта и да одиграме најдобро досега. Да покажеме дека навистина вредиме и ја повикаме публиката да дојде во што е можно поголем број и да нè поддржи“, додаде Димитар Димитриоски.

Од таборот на Металург упатуваат апел до сите љубители на ракометот во сабота да дојдат во „Борис Трајковски“, бидејќи натпреварот ќе биде од хуманитарен карактер. Сите средства собрани од продажбата на билетите ќе бидат донирани за малата Дарија.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ