СЕХА ЛИГА: ЗАГРЕБ ЈА ПРЕКИНА ПОЗИТИВНАТА СЕРИЈА НА ВАРДАР

Ракометарите на Вардар  заминуваат без бодови од Хрватска.Шампионот на Сеха лигата не успеа да ја продолжи неверојатната серија од 31 меч без пораз и после 22 месеци загуби натпревар,вечерва од 26-23 на гости кај Загреб.Вардар имаше солидно прво полувреме,но екипата на екс македонскиот селектор Лино Червар успеа да фати приклучок и да изедначи до  полувремето (14-14).Загреб почна да го диктира темпото во вториот дел со постојана предност од два гола.При водство на домаќинот од 22-21 во 56 минута ,Чупиќ не искористи пенал а Загреб влезе во мини серија и го реши прашењето околу победникот.Кристопанс со 4 голови беше најефикасен кај Вардар ,Хорват со 6 најпрецизен во редовите на  Загреб.На  врвот од табелата Вардар и Загреб се изедначени со по 15 бодови.Утре во тековното  6. коло  од Сеха лигата,Металург од 20.15 го пречекува Железничар.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ