
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2019 У 21: МЛАДИНЦИТЕ ГО ДЕКЛАСИРАА ГИБРАЛТАР СО 6-1
Фудбалската селекција на Македонија за играчи до 21 година го заврши квалификацискиот циклус за ЕП во 2019 со убедливи 6-1 против Гибралтар и му се реваншираше на аутсајдерот за ланскиот неочекуван пораз од 0-1 .Со втората победа од циклусот,младинците го потврдија претпоследното место во групата,иако целта на почетокот од квалификациите беше многу повисока.Попладнево на стадионот Петар Милошевски на тренинг центарот на ФФМ,мечот од 10.коло против Гибралтар резултатски го отвори Руфати во 10 минута.Митровски го најави хет трикот и погоди во 33-та за водство од 2-0 на полувремето .Во вториот дел , Здравсковски и Ѓоргев ја продолжија гол серијата која заврши со нови два погодока на Митровски.Клинтон во 63.минута го постигна почесниот гол за гостите . Македонија заврши на 5.место од табелата,пред Гибралтар. Србија од поодамна обезбеди позиција на ЕП во Италија како победник во групата,пред Австрија ,Русија и Ерменија.