
Без Миркуловски против Турција и Грција во квалификациите за ЕП
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес го објави поширокиот список на ракометари за претстојните два натпревари против Турција и Грција во рамки на квалификациите за ЕП.
Помеѓу 28-те повикани ракометари го нема името на Филип Миркуловски, кој во договор со селекторот ќе ги прескокне овие два натпревари за да има поголем одмор и да биде подобро подготвен за Светското првенство во јануари.
Македонија на 25 октомври во Битола ја пречекува Турција, додека три дена подоцна гостува кај Грција.