Металург размислува само на победа против Железничар

Металург во среда го пречекува тимот на Железничар во рамки на СЕХА-лигата со надеж дека ќе ја забележи првата сезонска победа.

По пет одиграни кола, „металурзите“ имаат освоено само еден бод во регионалното натпреварување и тоа против Извиѓач на домашен терен.

Железничар има еден триумф досега и тоа токму против Извиѓач во минатото коло. Од таборот на Металург се надеваат дека во среда конено ќе ја впишат првата сезонска победа.

„Убава можност за добар натпревар. Го респектираме противникот. Ова е шанса за да одиграме добро и да ја забележиме првата победа. Заморени сме после двете патувања во Лигата на шампионите. Работиме на играта за Железничар. Направивме анализа на последниот натпревар, а тоа ќе ни овозможи добра подготовка и за следниот дуел. Имаме два тренинга на кои ќе треба да се подготвиме. Заморот ни е непријател. Имаме добра можност да одиграме добро и да забележиме победа“, истакнува тренерот Данило Брестовац.

„До минатото коло Железничар исто како и ние немаше победа. Го победи против Извиѓач, а ние сме мотивирани за добар резултат. Немаме победа и мораме да одиме на триумф. Сконцентрирани сме на оваа средба и од името на сите ракометари можам да кажам дека ќе го дадеме максимумот на теренот. Не го потценуваме противникот туку напротив повеќе се мотивираме. Имаме мотив плус и поради тоа што имаме лоша серија. Сите веруваме во победа на овој натпревар“, вели голманот Никола Даниловски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ