Дибиров го има вториот најдобар гол во ЛШ, Милосављев меѓу најдобрите одбрани (ВИДЕО)

Двајцата ракометари на Вардар се најдоа на ТОП листите на ракометната Лига на шампиони. Иако нашиот првак го доживеа премиерниот пораз во елитното натпреварување на гостувањето кај Кјелце, имињата на Тимур Дибиров и голманот Дејан Милосављев се најдоа помеѓу најатракттивните голови, односно одбрани.

Дибиров го има вториот најатрактивен гол, откако шутираше од речиси мртов агол од неговата крилна позиција, но успеа на магичен начин да реализира низ нозете на голманот Владимир Цупара.

Голманот Дејан Милосављев повторно се најде во изборот на ЕХФ и ја има петтата најдобра одбрана. Србинот успеа да му одбрани удар од шест метри на Арцем Каралек и тоа со прекрасна интервенција. Милосављев натпреварот го заврши со 11 интервенции.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ