ЛШ: МЕТАЛУРГ БЕЗ БОДОВИ И ПОСЛЕ 5.КОЛО

Ракометарите на Металург го загубија и петтиот меч од новата сезона во ЛШ.Македонскиот вице првак на гостување во Русија кај Чеховски Медведи,  претпре пораз од 33-25 во дуел од  групата Ц.Металург беше во игра до средина на вториот дел  кога успеа водството на домаќинот од 6 голови  на полувремето, да го намали  на 21-20,но немаше сили за пресврт.Халил Јагањац очекувано  беше прв стрелец во составот на Металург со седум гола, четири реалзираше  Анте Токиќ,  по три гола постигнаа  Марио Танкоски и Мартин Велковски. Никола Даниловски го заврши натпреварот со девет одбрани. Кај Чеховски медведи најефикасен беше Дмитри Санталов со шест погодоци. Поради црвениот картон добиен на средбата со Силкеборг во минатото коло , тренерот Данило Брестовац беше суспендиран за овој меч.Неговиот заменик Оливер Димитриоски  беше на клупоата кај  ’’Металурзите’’ кои во наредното коло,на 4 ноември,  го пречекуваат рускиот тим во Скопје.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ