Главната фаза на ЕП во Вараждин ја почнуваме во недела

Македонската ракометна репрезентација оствари исторски успех со тоа што го освои првото место во Групата Ц на Европското првенство во Хрватска.

Нашите репрезентативци со вкупно пет бодови завршија како лидери во конкуренција на европскиот првак Германија, Словенија и Црна Гора. Вакво нешто досега никогаш не ни успеало во историјата на Европските првенства. Она што е уште поважно, Македонија во главната фаза што се игра во Вараждин ќе пренесе три бодови.

Првиот натпревар во следната рунда дефинитивно го играме во недела на 21 јануари, но противникот засега не е познат. Ќе се сретнеме со првиот тим од Групата Д, а тоа најверојатно ќе биде Шпанија.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ