ЛШ: ВАРДАР ПРЕД НОВ ПРЕДИЗВИК,ВО САБОТА ГОСТУВА РАЈН НЕКАР

Во мечот на колото во избор на ЕХФ,Вардар во сабота го пречекува бундеслигашот Рајн Некар.Во деветтата пресметка од ЛШ со познатиот ривал,Вардар влегува со подобар биланс од пет победи но и како водечки тим во А групата со максимални 6. бода после 3. кола.Рајн Некар со поразот од Кјелце, заостанува два бода зад скопската екипа.

Знаеме за каков тим станува збор. Играат одлично и шест на шест и седум на шест. Треба да подготвиме добра одбрана и да ја задржиме концентрација во текот на целиот натпревар, изјави тренерот Робертп Парондо.

Мечот Вардар-Рајн Некар ќе се игра во сабота  со почеток од 17.30  во СЦ Јане Сандански.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ