
Крвава престрелка во Скопје – двајца убиени, еден се бори за живот
Од СЈО до следните семафори – траела крвавата престрелка во која загинаа 44-годишниот Наим Ајети- брат на Џељо Ајети кој беше убиен пред 5 години и 49 годипниот скопјанец Антонио Папрапулов. Третиот Ферди Елезовски се бори за живот на клиниката за за анестезија и реанимација.
Очевидци раскажуваат дека напаѓачите возеле паралелно со автомобилот марка сеат алтеа во кој биле жртвите и пукале рафално кон нив. На крај Ајети кој го возел Сеатот удрил во друго возило на спротивната страна на улицата пред кафулињата на ова место каде се уште стојат трагите од крв, а напаѓачите избегале. За престрелката во центарот на Скопје, од мвр кусо објавија во денешниот билтен. Напаѓачите се во бегство а мотивите за сега не се откриваат.
Граѓаните не сакаа пред камера да говорат што виделе и чуле ноќеска. Вработените во локалите и продавниците долж Рузвелтова што работеле ноќна смена денеска не се на работа но детално им раскажале на нивните колеги за страшната случка од нокеска.
Ајети починал веднаш и во ургентен била само констатирана неговата смрт а Папарулов со тешки телесни повреди 2 часа подоцна. И покрај сите напори медицинските тимови им подлегнал на повредите вели др Алберт Леши. Преживениот Елезовски на возраст е во животозагрозувачка состојба на Карил. Од таму за Телма потврдија дека има многу повреди на градниот кош белите дробови и други делови по телото. Ноќеска му е направена и операција и денеска е на интензивно лекување.
„Сеатот“ рано утинава е однесен на вештачење информираат од обвнителството. Но нема потврда од истражните органи дали напаѓачите биле во теренско возило марка лендровер. Камерите поставени на семафорите но и на зградата на сјо треба да откријат повеке информации за тоа како се случил нападот.
Еден куршум завршил во автомобил паркиран покрај улицата. Сопствениците утринава забележале и повикаа полиција да го земе и овој доказ. Од обивнителството велат и дека освен чаурите ке се вештачат и трагите од крв облеката на жртвите а ке се врши и обдукција на телата
Сега убиениот Наим Ајети, е помлад брат на Џељо Ајети кој беше убиен пред 5 години во Ченто. Џељо Ајети е познат по престрелката и долгогодишната крвава одмазда во која настрадаа третиот брат Неџмедин Ајети и Миле Петковиќ Брус, убиен во Маџари среде бел ден пред десет години. Сите тие убиства се нерасветлени. Истражните органи Џељо Ајети често го истражуваа за лихварство а тој пак често се жалеше дека полицијата не реагира по неговите пријави за смртни закани. Џељо Ајети беше убиен пред својот кафе бар, убиецот го дочекал пред објектот во Ченто, го изрешетал со калашњиков кој потоа го фрлил до дворот на училиштето 25-ти мај и избегал. Од 28-ми ноември 2013-та убиецот не е откриен и е во бегство, како што се во бегство и убијците на неговиот брат Наим Ајети.
Елана Ивановска Муковска