
АБА 2: МЗТ СКОПЈЕ ГО ПОБЕДИ ХЕЛИОС 92-79
Македонскиот вицешампион имаше успешен старт во регионалната АБА 2 лига.Во СЦ Јане Сандански,МЗТ вечерва го победи Хелиос со 92-79 .Почетните 10 минути од новата сезона,домашната екипа ги одигра во просечен ритам.Словенечкиот тим имаше предност од 27-21,но веќе во втората четвртина ,МЗТ направи пресврт и заврши со водство од 43-40 на полувремето.Вториот дел донесе уште позрела игра на Металците а разликата од 13 поени после третата четвртина беше доволна за контрола на играта во завршните 10 минути.Во победничките 92 коша, удел од 22 поени имаше Бојиќ.Вударт постигна 19 ,Дамјан Стојановски 16 ,Иванов 13 . Кај гостите се истакна Пашајлиќ со 18 поени.Во 2.коло на 3 октомври, МЗТ ќе се сретне со Борац од Чачак, а три дена подоцна ,Металците стартуваат во домашното првенство со гостување кај Блокотехна.