КУП НА РМ: ИЗВЛЕЧЕНИ ДВОЈКИТЕ ЗА 1/8 ФИНАЛЕТО

Во просториите на ФФМ ,денеска беа извлечени двојките за осминафиналето од националниот Куп .Најтрофејниот домашен клуб,скопски Вардар атакот кон 6-та титула во оваа конкуренција  ја продолжува во двомеч со градскиот ривал Македонија Ѓорче Петров,освојувач на купот од 2006 година.Бранителот на титулата,тетовска Шкендија   на ждрепката  доби полесен  противник и за место во четвртфиналето ќе се сретне со Кит Го-Пехчево  ,состав кој во првиот круг приреди изненадување  со елиминација на Шкупи.Другите двојки од осминафиналето се Тиквеш – Работнички,Гостивар – Победа,Пелистер – Беласица,Скопје – Силекс и Брегалница – Академија Пандев.Екипата на Кораби  е слободна.Првите натпревари ќе се играат на 19 септември,реваншите на 3 октомври.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ