
ЛИГА НА НАЦИИ:МАКЕДОНИЈА ПОДГОТВЕНА ЗА ДУЕЛОТ СО ЕРМЕНИЈА
Утре од 18 часот на арената Филип Втори во Скопје,македонската фудбалска селекција ја пречекува Ерменија,директниот конкурент за 1.место во групата од премиерната сезона во Лигата на нации на УЕФА.Во 1.коло Македонија славеше над Гибралтар со 2-0 , Ерменија со 2-1 ги освои трите бода против Лихтенштајн.
Ова е најзначајниот натпревар за нас, сметам дека добро го анализиравме противникот и подготвени ќе влеземе во дуелот. Мене ми е важно како ќе функционира мојот тим. Ако функционираме како на претходните натпревари, не гледам причина зошто да не го добиеме овој меч. Барсегјан и Хамбарџумјан играа во Македонија, заедно со Фелипе се најдобрите странци што играле во нашата земја. Но, сега ќе бидеме на спротивни страни.победникот во оваа Лига Д во нашата група ќе се бара меѓу нас и Ерменија. Очекувам да забележиме позитивен резултат, изјави селекторот Игор Ангеловски.
Се подготвуваме како и за сите други натпревари. Сметам дека максимално спремни ќе влеземе во дуелот. Оваа пресметка е најзначајна во нашата група. Ерменија е квалитетна селекција, но ако ние бидеме на нашето ниво, ќе успееме да оствариме позитивен резултат, изјави капитенот Горан Пандев.