Еден од најголемите ракометни таленти во Европа го засили Вардар

Еден од најдобрите млади играчи во Европа, Грегор Оцвирк е нов ракометар на Вардар.

Словенецот кој има само 20 години потпиша тригодишен договор со „црвено-црните“ и доаѓа од редовите на Целје.

Поради многуте повреди на стартот од сезоната, Вардар мораше да се засилува, особено на позицијата лев бек, каде што игра и Оцвирк. Тој беше дел од словенечката репрезентација која го освои златниот медал на последното младинско европско првенство.

На турнирот Оцвирк беше и најдобар стрелец со 57 голови. Словенецот ќе патува со „вардардарци“ на дуелот со Татран Прешов, но нема да биде дел од составот, бидејќи не е комплетирана документацијата за негов настап во СЕХА-лигата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ