
Социјален стан на шести кат за девојче болно од целебрална парализа
Самохрана мајка од Делчево и нејзината ќерка болна од церебрална парализа цел живот го поминале со маки и во туѓи куќи. Ленче и Марина Десподовски живеат под кирија во една соба, во која нема елементарни услови за живот. Државата пред три години си поиграла со нив им доделила социјален стан на шести кат. 28-годишната Марина поради болеста не може да направи ниту еден чекор без помош на својата мајка, Искачувањето по овие над стотината скалила до шестиот кат за неа се навистина невозможна мисија. Бараат државните институции и комисијата за доделување на социјални станови, до кои како што велат имаат доставено барање да им се додели нов социјален стан на приземје.
Ленче има 66 години, цел живот се грижела за својата ќерка, која секој ден седи на одмаралиштето од куќата и само немо го посматра она што се случува на улицата. Земаат инвалидска пензија од над 10.000 денари, со која едвај преживуваат. Немаат дрва за огрев , се плашат дека и оваа зима ќе ја поминат во собата во која од сите страни има провев.
Жителите на Делчево коментираат дека во социјалните згради во Делчево има слободни станови, а комисиите и инспекциите треба и да излезат на терен за да увидат дека во дел од нив станарите веќе не ги исполнуваат условите да живеат во нив, а некои се иселиле и ги држат под клуч. Телма се обрати до Центарот за социјални работи во Делчево, од каде што велат дека го знаат проблемот на Десподовска, а во понеделник ќе ги посетат и ќе направат се за да најдат соодветно решение, но за доделување на социјални станови не упатија до министерството за транспорт и до владината комисија. Од акционерското друштво за станбен и деловен простор со став дека помошта која можат да им ја понудат е заеднички да го изготват барањето до владината комисија, која решева за вакви склучаи како што е на Ленче и Марина Десподовски,
Викторија Јованова