ИЗВЛЕЧЕНИ ГРУПИТЕ ВО ЛИГА ЕВРОПА, ШКЕНДИЈА ПО ТРЕТ ПАТ ЕЛИМИНИРАНА ВО ПЛЕЈ-ОФОТ

Најголемите фаворите за насловот во 10-та сезона  на Лига Европа,наследничка на Уефа купот,  ги  добија ривалите во групната фаза.Петкратниот шампион Севиља имаше добра ждрепка и за противници  ги има Краснодар,Стандард Лиеж и  Ахисаспор.Арсенал во групата Е  е во друштво на Спортинг,Карабаг и Ворскла.Милан во групата Ф ќе разигрува со Олимпијакос,Бетис и Дуделанж,Челзи како фаворит во Л групата ќе се сретне со Паок,Бате Борисов и Видеотон.Финалето ќе се игра на 29 мај во Баку.На денешната церемонија,францускиот репрезентивец  од  редовите на  Атлетико Мадрид,Антоан Гризман  ја доби наградата за најдобар  фудбалер во лигата за сезона 2017/2018. Од 12 групи за издвојување и Б групата каде Розенборг,тимот кој ја елиминираше Шкендија,  влезе во конкуренција на Салцбург,Селтик и Лајпциг.Синоќа на арената Филип Втори ,Розенборг ја победи Шкендија со 2-0 и со вкупно 5-1 избори место во Лигата.Македонскиот шампион не искористи два пенали преки Ибраими и Емини  при 0-0  и по трет пат во клупската историја не успеа да го мине плеј-офот.Ховланд и Региниусен во 67 и 84 минута  беа стрелци за норвежаните.

А: Баер Леверкузен, Лудогорец, Цирих, АЕК Ларнака.
Б: Салцбург, Селтик, Лајпциг, Розенборг.
Ц: Зенит, Копенхаген, Бордо, Славија Прага.
Д: Андерлехт, Фенербахче, Динамо Загреб, Спартак Трнава.
Е: Арсенал, Спортинг Лисабон, Карабаг, Ворскла.
Ф: Олимпијакос, Милан, Бетис, Дуделанж.
Г: Виљареал, Рапид Виена, Спартак Москва, Глазгов Ренџерс.
Х: Лацио, Олимпик Марсеј, Ајнтрахт Франкфурт, Аполон.
И: Бешикташ, Генк, Малме, Сарпсборг.
J: Севиља, Краснодар, Стандард, Ахисарспор.
К: Динамо Киев, Астана, Рен, Јаблонец.
Л: Челзи, ПАОК, Бате Борисов, Види Мол.

Првите натпревари ќе се играат на 20 септември, а групната фаза ќе заврши на 13 декември.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ