
ФОРМУЛА 1: ХАМИЛТОН НА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО СПА
Британецот Луис Хамилтон по 6-ти пат сезонава ќе стартува од пол позицијата.Актуелниот светски првак во Формула 1,имаше најбрз круг во дождливиот финишот на квалификациите на легендарната Спа каде утре ќе се вози Големата награда на Белгија, 13 од 21 трка на календарот за 2018.Пилотот на Мерцедес ја искористи промена на временските услови,откако двоецот на Ферари доминираше во првите два дела од квалификациите.Себастијан Фетел заврши на 2.место,Кими Раиконен падна на 6-то.Изненадија пилотите на Форс Индија како и Роман Грожан.Естебан Окон и Серхио Перез го освоија вториот стартен ред ,возачот на Хас се позиционираше на петтото место.Клупскиот колега на Хамилтон,Валтери Ботас заврши на 10.позиција.Во пресрет на утрешната трка,Хамилон има 213 бодови,24 повеќе од второпласирниот Фетел.