
ИТАЛИЈАНЦИТЕ ЏЕТИНИ И ПОЦОБОН ПОБЕДНИЦИ НА 32.ОХРИДСКИ МАРАТОН
Италијанецот Франческо Џетини победи на 32 издание на Охридскиот пливачки маратон, што се одржа денеска. Во деби настапот во Охрид Џетини патеката долга 25 километри од Св. Наум до Охрид ја исплива за 5.13.59.62 часа.
Беше навистина добра трка од почетокот до крајот, На почетокот се штедев, не давав максимум, додека на крајот од трката дадов се од себе и успеав да победам -изјави победникот Франческо Џетини.
Во неизвесниот финиш втор целта во машка конкуренција ја мина Едуардо Сточино (Италија) со време 5.14.10.72 часа, трет беше Андреа Бјанки (Италија) 5.14.11.69 часа. Во групата која речиси едновремено стигна на целта беше и нашиот Евгениј Поп Ацев, кој за жал овој пат не заврши на подиумот.
Италијанската доминација на ОПМ ја заокружи Барбара Поцобон, со вториот едно по друо триумф во женска конкуренција, каде второто место го освои Ана Олас од Унгарија, а трета беше Аличе Франко од Италија.
Беше навистина добра трка. Времето на крајот не не послужи. На почетокот беше сончево, а на целта пристигнавме со дожд-изјави Барбара Поцобон.
Победниците на целта ги пречека претседателот на државата Ѓорѓе Иванов кој им врачи ловоров венец. Наградниот фонд на Охридскиот пливачки маратон, кој оваа година самостојно го организира Пливачката федерација на Македонија со поддршка на ФИНА, изнесува 15.000 американски долари.
Горан Момироски