
Шок во Купот: Шкупи и Ренова испаднаа од второлигаши
Екипите на Шкупи и Ренова имаа сензационална елиминација во првото коло од Купот на Македонија и тоа од второлигашки противници.
Останатите фаворити немаа никакви проблеми. Вардар со 4-0 славеше на гости кај Вардар Форино, Македонија Ѓорче Петров со 2-0 славеше кај Превалец, а Работнички со 6-0 ја декласираше Фортуна.
Новиот и амбициозен второлигаш Кит Го со 2-0 го победи Шкупи, иако уште од 22-та минута играше со играч помалку. Беласица оствари триумф од 4-0 против Влазерими, а Академија Пандев со 3-1 беше подобра од Лабуништа.
Втората сензација се случи во Кавадарци, каде Тиквеш со 2-1 беше подобар од Ренова. Силекс немаше проблем на гостувањето кај Братство Влазними и дојде до победа од 7-0. Осогово на домашен терен загуби од Пелистер со 0-1, а Кораб беше подобар од Борец исто така со минимални 1-0.
Гостински победи остварија и Скопје од 3-1 кај Вардар Неготино и Брегалница со 2-0 беше пдообра од Поешево. Гостивар и Тетекс одиграа 1-1, а на пенали гостиварци обезбедија место во следната рунда.
Дуелот Струга – Победа ќе се одигра идната среда, додека дуелот помеѓу кожув и Шкендија ќе се одигра на 5 септември поради обврските на тетовци во Лигата на Европа, кои утре на гости кај Розенборг го играат првиот натпревар од плејофот.