’’БРОНЗЕНИТЕ’’ ОД САРАЕВО НА ПРИЕМ ВО МКФ

Кадетската селекција на Македонија ги сподели импресиите со раководството на Кошаркарската Федерацијата после ЕП во Сараево каде го освои 3.место и со тоа избори пласман во повисок ранг,А дивизија.Успехот е плод на две и пол годишна работа.

Раководството на Македонската кошаркарска федерација, денеска во своите простории одржа прием со членовите на оваа репрезентација – кошаркарите како и членовите на стручниот штаб.

Тешко беше да се работи со деца и да им се стави до знаење дека националниот дрес е над се и пред се. Кога дојдовме на ЕП, децата дадоа се од себе на настанот, не беше тешко да се контролира. Сите оние турнири што ги игравме во минатото, помогнаа да целиот настан биде полесен за нас. Турнирот во Скопје, како и тестовите во Белград беа за нас Европско првенство пред настапот на ЕП. Со репрезентативците имам одличен однос, има перспективни играчи. Мора да продолжат да работат. Федерацијата го направи првиот чекор, се надевам дека ќе продолжат и во иднина да се градат млади играчи –  истакна  селекторот Александар Јованчев

Се надевам дека сите што работат и сите што ќе работат во иднина ќе одат по ист правец и нема да погрешат, да направат отстапка од овие проекти. Интонациите на химните и најавите покажаа дека кај нашите деца има голема желба да играат со срце за оваа репрезентација и националниот дрес да биде како оној во екс-ју – престиж за секој спортист. Ова раководство веќе има програма, се заложивме да добиеме спортска сала во трајно користење на подолг период и ќе добиеме свој „дом“. Таму ќе продолжи активноста со репрезентациите, каде ќе има тренери, нутриционист, психолог… Ќе се работи за да се задржат сите деца и да не се дозволува нашите деца да одат надвор од нашите граници. – истакна Претседателот на МКФ, Петар Наумоски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ