РЕАЛ МАДРИД СО НАЈСЛАБА ПОСЕТЕНОСТ ВО ПОСЛЕДИТЕ 10 ГОДИНИ

Европскиот шампион Реал Мадрид синоќа го одигра првиот натпревар од новата сезона во шпанската Примера. Реал го победи Хетафе со головите на Карвахал и Бејл со 2:0  но мечот го одбележа негативниот рекорд по број на гледачи на „Сантијаго Бернабеу“  во последните 10 години.Натпреварот од 1.коло го проследија само 48.446 гледачи нешто повеќе од половина од капцитетот на стадинот.Според медиумите тоа е  последица од заминувањето на првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.Португалецот дебитираше во Серија А во дресот на Јувентус кој славеше со 3-2 на гостувањето во Киево.Следниот натпревар на домашен терен од шампионат на Шпанија Реал ќе го игра на 1 септември против Легањес.Во меѓувреме на 28 август во 2.коло, Кралскиот клуб и гостува на Џирона.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ